Од почетокот на годината биткоинот порасна за над 100 отсто

Цената на биткоинот во текот на 2021 година порасна за над 100 отсто, додека само во октомври растот бил поголем од 30 отсто.

EPA-EFE

Претседавачот на Федералните резерви на САД (ФЕД) на 30 септември изјави дека американската централна банка не планира да ги забрани ниту да ги попречува криптовалутите.

Веста од 19 октомври, дека првиот Биткоин фјучрес ексџејч фонд во САД ќе биде одобрен од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕЦ) означи своевидно признавање на американскиот регулатор дека криптовалутите се неизбежна реалност која треба институциски да се прифати и да се подведе во формалните текови. Тоа регулаторно одобрување ја турна цената до највисокото ниво.

Од друга страна, Бенк оф Америка почна истражување на дигиталниот имот кое покажало дека криптовалутите сега веќе толку пораснале што институционалните инвеститори не можат да ги игнорираат. Инвестициските банки го отфрлија својот претходен скептицизам околу криптовалутите. Во ноември ЏП Морган ја потврди својата прогноза дека биткоинот ќе порасне на 146 илјади долари. Ситибанк предвидува дека првата криптовалута годинава ќе достигне 120 илјади долари.

Иднината на криптовалутите изгледа одлично, барем за сега, бидејќи сè повеќе луѓе сакаат да поседуваат криптовалути, а кругот на познати личности кои влегоа во тој домен се шири. Растот на побарувачката, во комбинација со лимитираната понуда и сè побавното темпо на копање биткоини, укажуваат на долгорочно продолжување на растот на цената на „дигиталното злато“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе