Новиот арктички нафтен проект на Роснефт ќе биде најголем во светот (ВИДЕО)

На проектот Восток му се потребни 150 милијарди долари инвестиции, а ќе создаде 100.000 работни места, му кажа директорот на Роснефт Игор Сечин на рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата блиски соработници чија соработка трае со децении во вторникот во Кремљ седнаа да разговараат, а меѓу приоритетите им е Акртикот, поточно нафтениот проект Восток кој бил клучен дел на дискусијата, пишува Москоу тајмс.

Сечин и неговата државна компанија Роснефт планираат да ги експлоатираат огромните резерви нафта под тундрата на северот на Уралскиот регион и да ја извезуваат преку проектираното пристаниште на полуостровот Тајмир.

Ќе биде тоа најголемиот нафтен проект во модерната нафтена историја, истакнал Сечин во разговорот со Путин.

Според шефот на Роснефт, проектот Восток подразбира изградба на 15 нови индустриски населби, два аеродроми, пристаништа на море, околу 800 километри нов нафтовод, 3.500 километри нови електрични водови и 2.000 мегавати електрични капацитети.

Ќе се создадат и 100.000 нови работни места и ќе се зголеми бруто националниот производ (БДП) на Русија за 2 отсто, додал Сечин.

Проектот се заснова врз развојот на неколку нафтени полиња, од кои барем три се во областа Ванкор. Новите нафтоводи и проектираниот пристанишен терминал ќе им овозможи на партнерите да зивезуваат, како што се проценува, 25 милиони тони нафта годишно преку Севернаа поморска рута.

Нафтоводот е проектиран и да ја пренесува нафтата од полињата лоцирани вдолж реката Јенисеј. До 2030 година, вкупно 100 милиони тони нафта може да се пренесат со тој нафтовод преку новото пристаниште во Тајмир.

За потребите на тој проект треба да се изгради и флота мразокршачи од класата Арк7, изјави претходно Сечин.

Роснефт ја има потребната поддршка од Кремљ, пишува Москоу тајмс. Државната нафтена компанија и други компании ќе добијат големи даночни олеснувања за да се намалат трошоците на проектот.

Во заднината на новиот проект лежи намерата на Кремљ да ги поддржи испораките по Северната поморска рута. Путин во мај 2018 ја одреди Северната поморска рута за национален приоритет и побара до 2024 годишниот сообраќај по таа рута да достигне 80 милиони тони стока.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе