Новата германска влада ќе наследи солидна економија, покажува извештајот на Бундесбанката

Новата германска влада ќе наследи економија што бележи брз раст на активноста во последните месеци, покажа во понеделникот извештајот на централната банка.

Фото: ЕПА

„Економијата најверојатно, гледано во целина, ќе порасне посилно во третиот квартал отколку во пролетта“, наведува Бундесбанката во месечниот извештај за септември.

Најголемата европска економија закрепна од слабиот почеток на годината благодарение на олеснувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Во летото 2021 година продолжи закрепнувањето на германската економија, кое почна во пролетта“, се вели во соопштението на Бундесбанката.

Особено силно закрепнаа личната потрошувачка и услужниот сектор, благодарение на олеснувањето на мерките против коронавирусот, кои оттогаш се во голема мера укинати, додаваат тие.

Индустријата, пак, страда од проблеми со набавката на интермедијарни производи и суровини.

„Последица е континуираното значително заостанување на нивото на производството зад силната побарувачка“, посочуваат во централната банка.

„Индустриското производство во јули, секако, се зголеми за прв пат по четири месеци, но ова главно може да им се припише на летните одмори“, предупредуваат тие.

Јавноста во Германија во моментов е преокупирана со парламентарните избори, на кои социјалдемократите освоија тесно мнозинство пред ЦДУ/ЦСУ.

Двете големи партии почнаа разговори за повторно воспоставување голема коалиција, пишува Дпа.

Бизнис-лидерите ги повикаа да ја избегнат политичката неизвесност и да формираат коалиција што е можно поскоро, додава агенцијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе