Економски рестрикции во многу земји

Нов судир на САД и Кина, паднаа азиските берзи

На азиските берзи денес цените на акциите паднаа поради растот на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, откако претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на Кина со воведување нови царини бидејќи ја смета за одговорна за ширењето на коронавирусот.

Индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 7 часот наутро беше во минус 2,2 отсто.

Притоа цените на акциите во Јужна Кореја паднаа за 1,7, а во Хонг Конг за над 3,5 отсто, додека во Австралија пораснаа за околу 0,5 отсто. Во Јапонија и Кина денес поради празник не се работи.

Лошото расположение на берзите е последица на остриот пад на цените на акциите на Вол стрит во петокот, по заканите на Трамп кон Кина со воведување царини, бидејќи американскиот претседател смета дека Пекинг не направил доволно за сопирање на вирусот пред да се прошири низ светот.

Заканата со нови царини ги потсети инвеститорите на минатогодишната трговска војна на САД и Кина.

„Масло на оган“ долеа во неделата американскиот државен секретар Мајк Помпео кажувајќи дека постојат „значителни докази“ дека коронавирусот настанал во кинеската лабораторија во Вухан.

Така спласна ентузијазмот на инвеститорите од минатата недела, кога пазарите значително пораснаа благодарение на најавите на низа земји дека наскоро ќе ги олабават рестрикциите воведени за да се сузбие коронавирусот, што ќе ги заживее владините активности.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг растат во многу несигурно време, тврдат аналитичарите, имајќи го предвид остриот пад на двете најголеми светски економии.

Кина во првото тромесечје го забележа првиот пад на бруто домашниот производ од 1992 година, и тоа за 6,8 отсто на годишно ниво, додека американскиот БДП во истиот период потона за 4,8 отсто, најмногу од финансиската криза во 2009.

Во тековниот квартал се очекува уште поголем пад на американскиот, но и на повеќето останати најголеми светски економии, имајќи ги предвид економските рестрикции во многу земји во светот во текот на април.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе