Нормализацијата на сообраќајот низ Суецкиот канал ги спушти цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари под 64 долари за барел по нормализацијата на сообраќајот низ Суецкиот канал, блокиран поради насукување на брод со контејнери. Вниманието на трговците повторно се насочи на слабата побарувачка.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 63 центи во однос на претходното затворање, на 63,94 долари, а за истиот износ падна и на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше за 60,34 долари.

Бродот Евер гивен го блокираше минатиот вторник Суецкиот канал по песочна бура и силни ветришта кои ја намалија видливоста. Големиот брод им го попречи патот на стотици бродови по поморскиот премин низ кој се одвива 12 отсто од светската трговија. Сообраќајот се нормализираше денес попладне, но водечките превозници предупредуваат дека отстранувањето на нарушувањето во транспортот би можело да потрае со недели.

„Суецката миникриза е при крај и пазарот на нафта е повторно препуштен на вообичаените проблеми“, констатираше аналитичарот на ПВМ оил асошиејтс Тамас Варга.

„Вниманието ќе се насочи кон спорите програми за вакцинирање, навидум несопирливиот раст на бројот на заразени во некои делови на светот и на претстојниот состанок на ОПЕК, најавен за 1 април“, додаде тој.

Цените во минатите недели силно осцилираа бидејќи трговците и инвеститорите се обидуваа да го проценат влијанието на блокадата на клучниот поморски пат врз светската трговија и поширокиот ефект на мерките на карантин со кои се обидува да се успори заразата со коронавирусот. Многу европски земји повторно воведоа остри мерки за да го сузбијат бранот на заразување, што ја притисна побарувачката за нафта, а со тоа и цените.

Поддршка на цените им пружаат очекувањата дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на неделната средба ќе го одржат ниското ниво на производство. Русија ќе поддржи непроменето производство на ОПЕК, но ќе бара да ѝ се зголеми релативно скромно зголемување за да ја покрие сезонски условената побарувачка. Се очекува цените да продолжат да осцилираат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе