Стапката на невработеност во ЕУ, мерена по методологијата на Меѓународната организација за труд (ИЛО), во ноември паднала 0,2 процентни бода во однос на претходниот месец, на 6,5 отсто, покажува извештајот на европската статистичка агенција.
Во еврозоната паднала за 0,1 процентен бод, на 7,2 отсто.
Невработеноста во двете области паднала на најниското ниво од март 2020 кога коронавирусот почна да се шири по светот.
Според проценката на Еуростат, вкупно во ноември без работа биле 13,98 милиони граѓани, од кои 11,83 милиони во еврозоната.
Во однос на октомври нивната бројка во ЕУ паднала за 247 илјади, и 222 илјади во еврозоната. Во споредба со ноември 2020 година, бројот на невработени е помал за 1,66 милиони во ЕУ и 1,41 милион во еврозоната.
Шпанија и Грција и во ноември единствени во ЕУ бележеле двоцифрени стапки на невработеност, од 14,1 и 13,4 отсто, покажува извештајот.
Најниска стапка на невработеност во ноември забележала Чешка, 2,2 отсто. Следат Холандија со 2,7 отсто, Полска со три отсто и Германија со 3,2 отсто.