Ова го покажуваат првите прелиминарни проценки на европската канцеларија за статистика Евростат.
Тоа е најголемиот пад откако европските статистичари ја следат економската активности од 1995 година.
Евростат во прелиминарните први проценки на БДП за второто тромесечје ги објави прелиминарните проценки за 10 земји членки, меѓу кои Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Фрација, Италија, Летонија, Литванија, Австрија и Португалија.
Меѓу земјите за кои Евростат веќе ги собрал податоците, најголем квартален пад на БДП меѓу април и крајот на јуни е забележан во Шпанија, минус 18,5 отсто.
За над 10 отсто се намалиле економиите на Португалија (минус 14,1 отсто, на Франција (минус 13,8 отсто), Италија (минус 12,4 отсто, Белгија (мунус 12,2 отсто), Австрија (минус 10,7 отсто) и Германија (минус 10,1 отсто. Најмал пад имала Литванија (минус 5,1 отсто).
Како што соопштија европските статистичари, ова е далеку најголемиот пад на БДП во еврозоната и во ЕУ досега.
Тие додадоа дека ова е првична проценка врз основа на нецелосни податоци, која ќе биде подвргната на преиспитување.
Евростат на 14 август ќе ја објави втората проценка на економскиот развој за вториот квартал на 2020 година.