Од јули 2008 година

Најголем дефицит на САД во последните 12 години

Надворешнотрговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во јули скокна на 63,6 милијарди американски долари, што е најмногу во последните 12 години, поради рекордниот скок на увозот.

EPA-EFE

Американското министерство за трговија соопшти дека во јули односот на вредност на увозот и извозот е 18,9 отсто поголем отколку во јуни, кога надворешнотрговскиот дефицит изнесувал 53,5 милијарди американски долари.

Тоа е најголемиот месечен дефицит од јули 2008 година, во времето на глобалната економска криза.

Јулскиот дефицит е последица на рекордното зголемување на увозот од 10,9 отсто, на 231,7 милијарди американски долари, додека извозот, иако е зголемен, изнесувал 168,1 милијарда.

Во претседателската кампања во 2016 година американскиот претседател Доналд Трамп како една од целите го постави намалувањето на надворешнотрговскиот дефицит, пред сѐ со Кина, која со години има голем суфицит во трговијата со САД.

Меѓутоа, тој и понатаму остана висок, и во јули изнесувал 31,6 милијарди американски долари, односно 11,5 отсто повеќе од јуни.

Суфицитот во услужните дејности, како банкарството и осигурувањето, падна во САД на 17,4 милијарди долари, најмалку од август 2012, главно поради намалувањето на авионскиот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе