Над 40 милиони Американци останале без работа

Повеќе од два милиони граѓани на Соединетите Американски Држави поднеле во минатата недела барања за исплата на надомест за невработеност, објави денес американската влада.

EPA-EFE/Oliver Contreras

Во минатата недела биле предадени 2,123 милиони барања, покажуваат сезонски прилагодените податоци на американското министерство за труд.

Континуирано големиот прилив на нови барања е резултат на отпуштањето на работници од државната, регионалната и локалната управа, чии благајни се опустошени од трошоците поврзани со ублажувањето на последиците на пандемијата на коронавирусот, а нов бран откази е забележан и во приватниот сектор.

Податоците се во согласност со очекувањата на економистите, пренесува Ројтерс.

Иако се намалува од недела во недела, бројката и понатаму е поголема од два милиони, и тоа веќе десетта недела по ред. Една недела претходно беа предадени 2,446 милиони, според ревидираните податоци на министерството.

Далеку најголем број барања беа забележани во последната недела од март, дури 6,86 милиони, потсетува британската агенција. Вкупниот број барања деновиве надмина 40 милиони.

Министерството за трговија одвоено во најновата проценка објави дека економијата во првиот квартал паднала за пет отсто на годишно ниво, надминувајќи ја за 0,2 процентни бода досегашната проценка.

Тоа е најголемиот пад на најмоќната светска економија од глобалната криза во 2007/2008 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Oliver Contreras

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе