На Русија поради санкциите ѝ се блокирани половина финансиски резерви

Русија потврди дека поради западните санкции воведени поради инвазијата на Украина не може да пристапи до финансиски резерви вредни 300 милијарди долари. „Тоа е околу половина од сите резерви кои ги имаме“, кажа министерот за финансии Антон Силуанов за руската државна телевизија Русија 1. „Имаме вкупен износ на резерви од околу 640 милијарди долари. Во моментов не можеме да користиме околу 300 милијарди од тие резерви“.

EPA-EFE

Поради замрзнувањето на средства од страна на САД, Европската Унија и неколку други држави, Русија има проблеми со исполнувањето одредени обврски и со плаќањето на некои долгови, објасни министерот. Силуанов кажа дека дел од златните и девизните резерви се чуваат во кинески јуани и дека Западот врши притисок врз Пекинг да ја ограничи трговијата со Москва.

Меѓутоа, рускиот министер изрази уверување дека односите со Кина ќе се одржат, а повтори дека „долговите кон непријателските земји“, како САД и членките на ЕУ, ќе се плаќаат само во рубљи.

Руската благајна сè уште е релативно полна и покрај војната и последичните санкции благодарение на милијардите од продажбата на гас, нафта и јаглен.

Министерот вети дека руската држава ќе ги поддржи банките кои ги санкционираше Западот. Исто така увери дека има доволно пари за производство на основните добра. „Централната банка ќе ја обезбеди потребната ликвидност на финансискиот систем“, кажа Силуанов, додавајќи дека особено внимание ќе им се посвети на цените на храната.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе