На 18 октомври Америка може да остане без пари за да ги плати долговите

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, предупреди вчера во Конгресот дека владата најверојатно ќе остане без пари за исплата на доспеаните обврски на 18 октомври, доколку не се зголеми лимитот до кој може да се задолжува.

Фото: ЕПА

Ако Конгресот не изгласа зголемување на лимитот за задолжување до одредена сума или датум, службениците на секретаријатот очекуваат дека земјата ќе има на располагање „многу ограничени ресурси, кои брзо ќе се исцрпат“ по следните три недели, рече Јелен, пренесе Гласот на Америка.

Сенатот на САД во понеделникот не ги усвои законските предлози што ќе ѝ овозможат на владата да продолжи со задолжување и спречи делумно затворање на владините служби на почетокот на клучната недела за законодавната агенда на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, за која се дискутира во длабоко поделениот Конгрес.

Сегашниот федерален долг изнесува 28,4 илјади милијарди долари, а Соединетите Држави се речиси единствената земја во светот што со децении наметнува граница до која владата може да позајмува или повремено ја укинуваше до одреден датум.

Конгресот отсекогаш го зголемуваше лимитот на задолжување или го укинуваше на одреден временски период за да се осигури дека Соединетите Држави можат да ги исплатат своите долгови и со тоа спречуваше глобална финансиска криза што би била предизвикана од најголемата економија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе