„Русија го потврдува својот статус на сигурен снабдувач на пазарот и пазарниот статус на нашите односи со партнерите. Во врска со тоа, не планираме да испорачуваме нафта и деривати во земјите кои ќе користат принцип на ограничување на цените, со понатамошно пренасочување на снабдувањето на пазарно ориентираните партнери или со намалување на производството“, истакна Новак.
Воведување на ограничување на цените на енергенсите и политизацијата на енергетскиот сектор можат да доведат само до дефицит и проблеми во снабдувањето со енергенси, кажа тој.
„Сметаме дека политизација на енергетскиот сектор може да доведе само до дефицит на ресурсите и проблеми со снабдувањето со енергија. Ограничувањето на цените е акт на невидено мешање во пазарните принципи на функционирањето на пазарот на нафта, што неизбежно ќе доведе до пад на инвестициите, ќе ја намали понудата и ќе предизвика дефицит во снабдувањето со нафта и која било друга стока со која се тргува на берзата, за која овој механизам може да се користи во иднина“, истакна рускиот вицепремиер.