Москва: Ерата на нафтата ќе трае уште две децении

Побарувачката за енергенси во светот, вклучувајќи ја нафтата, ќе биде актуелна и во следните две децении, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

„Што се однесува до прогнозите, гледаме дека побарувачката за нафтата во светот ќе опаѓа. Меѓутоа, ако се погледне генерално, енергенсите ќе бидат ектуелни и во следните 20 години“, кажа Новак.

Тој истакна дека се зголемува уделот од продажбата на електричните автомобили.

„Меѓутоа, сите ние добро знаеме дека за полнење на автомобилите треба да се произведе струја. И кој извор ја произведува струјата е исто така прашање на енергетската рамнотежа. Дали е тоа гасот, или јагленот, или обновливите извори на енергија: ветерот, сонцето, хидроенергијата“, додаде рускиот министер.

Новак минатата година изјави дека Русија акумулирала резерви на нафта за следните 30 години, а на гас за следните 100 години. Тој прецизираше дека тоа се само комерцијално надоместливи резерви, кои секоја година се одржуваат на истото ниво.

Тој претходно истакнуваше дека нивото на јаглеводородот во глобалниот енергетски баланс денес сочинува околу 85 отсто, но дека за 15 години ќе се намали на 75 отсто.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе