Морган Стенли: БДП-то на Америка ќе падне за 30 отсто

Економистите на Морган Стенли и Голдман Сакс оценуваат дека пандемијата на коронавирусот ќе им нанесе поголема економска штета на САД отколку што претходно се очекуваше.

Економистите предупредуваат на потенцијалниот катастрофален пад на американското производството во вториот квартал и подлабока глобална рецесија.

Тимот економисти на Морган Стенли, предводени од Елен Зентнер, во извештајот упатен до клиентите наведува дека сега предвидува пат на американскиот бруто национален производ (БДП) од дури 30,1 отсто во тромесечјето април-јуни, пренесува Блумберг.

Тоа ќе ја крене стапката на невработеност на просечно 12,8 отсто во тој период, се додава во извештајот.

Аналитичарите на Голдман Сакс, предводени од Јан Хациус, објавија дека сега предвидуваат пад на светската економија за околу 1,0 отсто оваа година, што би било дури повеќе и од оној во 2009 година за време на глобалната финансиска криза.

Тие од претходно проектираа пад на американското производство од 24 отсто во следниот квартал.

Овие катастрофални прогнози на двете најголеми банки на Волстрит го засилуваат стравот од економска депресија.

Аналитичарите на Морган Стенли во посебно соопштение сепак наведуваат дека траен економски пад би требало да биде избегнат имајќи ги предвид фискалните и монетарните мерки со кои властите во државите од светот реагираат на актуелната криза.

И Морган Стенли и Голдман Сакс предвидуваат почеток на економското заздравување во третиот квартал, иако ситуацијата ќе остане изложена на ризиците, додава Блумберг.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе