ММФ: Жените се економски поизложени на последиците на пандемијата

Пандемијата на коронавирусот би можела да го загрози напредокот на жените остварен во текот на претходните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

EPA-EFE

Економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погаѓа жените од мажите, бидејќи тие се позастапени во тешко погодените сектори на услуги, малопродажба, туризам и хотелиерство.

„Во САД меѓу април и јуни невработеноста на жените беше за два процентни бода поголема отколку кај мажите“, кажа извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева во текстот кој го потпишуваат уште три функционери на ММФ.

Поради природата на професијата, работата од дома за многу жени не е опција.

Податоците го покажуваат тоа за 54 отсто од жените во САД и 67 отсто од жените во Бразил. Жените, покрај тоа, работат повеќе неплатени домашни работи од мажите, околу 2,7 часа дневно, покажуваат проценките на ММФ.

„Жените ги презедоа повеќето семејни обврски настанати пореди мерките на изолација, како затворањето на училиштата“, наведува ММФ.

По укинувањето на рестриктивните мерки на жените ќе им треба повеќе време за да добијат работа, сметаат функционерите на ММФ, а девојките во многу земји во развој морале да го напуштат школувањето и да почнат да работат за да ги пополнат домашните буџети.

Но, „добро осмислена политика на поттикнување на опоравувањето би можела да ги ублажи негативните последици на кризата за жените“, наведуваат авторите и ги истакнуваат добрите иницијативи во Австрија, Италија, Португалија и Словенија, каде се воведени права на делумно платено ослободување од работа за родителите со деца под одредена возраст.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе