ММФ: Светската економија излегува од најдлабоката криза

Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни и Меѓународниот монетарен фонд благо ќе ја измени проценката на падот во оваа година, изјави денес шефицата на ММФ Кристалина Георгиева.

EPA-EFE

„Мојата главна порака е дека глобалната економија излегува од најдлабоката криза“, кажа Георгиева.

„Катастрофата што нѐ снајде сепак не заврши, ни оддалеку. Сите земји се соочуваат сега со нешто што би го нарекла долго искачување, мачно искачување кое ќе биде долготрајно, нерамномерно и несигурно. И обележано со повремени падови“, додаде шефицата на ММФ.

Меѓународниот кредитор прогнозираше во јуни дека глобалниот бруто домашен производ (БДП) поради мерките за сопирање на коронавирусот ќе падне годинава за 4,9 отсто, најмногу од 30-тите години на минатиот век, повикувајќи ги владите и централните банки да помогнат со дополнителни мерки за поттикнување.

Новата прогноза ќе ја објават следната недела, на редовното есенско годишно собирање, овој пат преку интернет.

Во следната година ММФ сепак очекува „делумно и нерамномерно“ опоравување, истакна Георгиева.

Благодарение на фискалните мерки за поддршка со вкупна вредност од 1.200 милијарди долари и монетарното попуштање без преседан многу развиени економии, вклучувајќи ги САД и еврозоната, успеаја да ја избегнат најлошата штета и почнаа да се опоравуваат, кажа Георгиева.

И Кина се опорави побрзо од очекуваното, додаде.

Пазарите во развој и земјите со ниски примања се наоѓаат во особено тешка ситуација, имајќи ги предвид слабите системи за здравствена грижа, високиот надворешен долг и зависноста од секторите на најранливите во пандемијата, како туризмот и сировините, истакна шефицата на ММФ.

„Во земјите со ниски примања шоковите се толку длабоки што се соочуваме со ризик на „изгубени генерации““, кажа Георгиева, навестувајќи дека ММФ и Светската банка следната недела ќе предложат значителни олеснувања на враќањето на долговите за тие земји, пренесува Ројтерс.

„Во некои случаи ќе биде нужна глобална координација во реструктуирањето на државниот долг, со полно учество на јавниот и приватниот сектор“, предупреди шефицата на ММФ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе