ММФ: Следи најлошата економска криза по Големата депресија

Пандемијата на коронавирусот ќе го претвори годинешниот економски раст во негативен, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предупредувајќи дека светот се соочува со најголемата економска криза од Големата депресија во 30-тите години на минатиот век.

Пандемијата ќе ги има „најлошите економски последици од Големата депресија“ во 1929, кажа Кристалина Георгиева која својата проценка ја даде пред пролетната седнива на ММФ и Светската банка.

Најпогодени ќе бидат земјите во развој и брзорастечките пазари, додаде таа, и истакна дека ќе бидат потребни стотици милијарди долари странска помош.

„Пред само три месеци очекувавме раст на приходите по глава на жител во 160 наши земји членки во 2020“, кажа Георгиева.

„Сега нештата се свртеа наопаку – очекуваме пад на приходите по глава на жител во над 170 земји“.

Таа додаде дека очекува делумно заздравување следната година ако пандемијата се успори во втората половина на оваа година, но предупреди и дека ситуацијата може да се влоши.

Карантините кои ги наметнаа многу влади ги натераа компаниите на затворање и отпуштање на многу луѓе.

Претходно неделава студија на Обединетите нации покажа дека 81 отсто од светската работна сила, околу 3,3 милијарди, поради пандемијата се соочиле со делумно или целосно затворање на работното место.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе