ММФ: САД мора повеќе да работат на намалување на огромните разлики во општеството

Соединетите Американски Држави и покрај рекордно ниската невработеност и стабилниот економски раст значително послабо стојат во другите области, тврди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предупредувајќи на слабиот раст на доходот на домаќинствата, големиот број сиромашни и проблемите во образовниот систем.

Во годишниот преглед на состојбата во американската економија ММФ истакнува бројни позитивни страни, како на пример тоа што најголемата светска економија следниот месец најверојатно ќе го забележи најдолгиот период на експанзија откако се водат таквите статистики.

Невработеноста е на историско ниско ниво, платите растат и се очекува БДП годинава да порасне за 2,6 отсто, наведува ММФ.

Сепак, се предупредува дека и покрај позитивните резултати на макроекономски план, ќарот од силните економски индикатори сѐ уште не се широко распределени.

Просечното американско домаќинство, на пример, има сѐ на сѐ 2,2 отсто поголем доход во споредба со крајот на 1990-тите, истакнува ММФ, споредувајќи го тој податок со 23-отстотниот раст на американскиот БДП во истиот период.

Стапката на сиромаштија, пак, останува блиску до нивото на кое беше на почетокот на последната финансиска криза – сиромашни се во моментов речиси 45 милиони Американци, или околу 13 отсто од населението, покажува извештајот.

ММФ порачува и дека високиот јавен долг на САД, кој достигнува 78 отсто од БДП, не е одржлив.

Се предупредува и дека очекуваниот животен вел во САД е значително пократок отколку во другите земји од групата Г7 на најразвиените седум светски економии, пред сѐ поради прекумерната конзумација на дроги и самоубиствата.

Извештајот се осврнува и на образовниот систем, истакнувајќи дека и покрај големите издвојувања за образованието, резултатите се и понатаму разочарувачки.

ММФ предлага повеќе можни решенија за наведените проблеми, вклучувајќи воведување платено родителско отсуство од работа и зголемување на минималната плата и социјалната помош.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе