ММФ ја притиска Грција да ги доврши реформите

Грција треба да продолжи со спроведувањето на недовршените економски реформи за да ги намали ризиците по своето среднорочно опоравување.

Ова го соопшти Меѓународниот монетарен фонд во првиот извештај за Грција откако земјата во август минатата година излезе од третата програма за помош.

ММФ сега очекува грчката економија годинава да порасне со стапка од 2,4 отсто, а во 2020 со стапка од 2,2 отсто, за во следните години да дојде до забавување, пренесува Ројтерс.

На економскиот раст годинава ќе му помогне и поголемата потрошувачка по неодамнешното зголемување на минималната плата од 11 отсто, прво од почетокот на кризата.

Меѓутоа, растечките притисоци на корпоративните заработки и забавувањето на реформите на пазарот на труд би можеле да го загрозат вработувањето во земјата, чија стапка на невработеност е 18 отсто, а банкарскиот сектор е и понатаму ранлив, оцени ММФ.

„Грција треба да ги преиспита скорешните промени во принципите на колективното преговарање и да продолжи со имплементацијата на недовршените реформи“, се вели во извештајот.

Официјална Атина, според ММФ, треба да ги намали каматните стапки, да ги зголеми инвестициите и да се подготви за потенцијални буџетски ризици, меѓу кои е и зголемување на буџетското трошење во случај судските одлуки да ја урнат мерката за намалување на планите и пензиите во јавниот сектор.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе