Глобалниот данок ќе биде најмалку 15 отсто

Министрите на Г20 дадоа зелено светло за договорот за оданочување на мултинационалните компании

Министрите за економија и финансии на 20 индустриски најразвиени земји во светот Г20 дадоа денес зелено светло за договорот за оданочување на мултинационалните компании според кој глобалниот данок ќе биде најмалку 15 отсто.

EPA-EFE

Министрите на крајот на дводневниот состанок во Венеција го одобрија договорот кој неодамна го постигнаа земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Ако во последните месеци светската економска ситуација „се подобри, главно благодарение на порастот на вакцинираните против коронавирусот“, Г20 потсетува дека кризата сè уште не е завршена.

Економското заздравување „останува изложено на негативни ризици, особено на ширењето на новите соеви на коронавирусот и различните стапки на вакцинација“ низ светот, се наведува во заедничкото соопштение.

Иако развиените земји во последните месеци го вакцинираа своето население, најмалку развиените земји се сè уште далеку од тоа, пред сè поради немањето пристап до вакцини.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика вчера членките на Г20 да бидат „солидарни со земјите во развој“.

„Иако 70 отсто од населението е вакцинирано во некои развиени земји, оваа цифра е помала од еден отсто во земјите со ниски приходи“, предупреди Гутереш.

Непосредно пред отворањето на собирот на Г20, генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева ги повика членовите на организацијата на „итни акции“, особено на делење вакцини, финансирање на нивното доставување и вложување во нивно побрзо производство.

Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот ја сочинуваат Европската Унија и 19 земји: Аргентина, Австралија, Бразил, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Канада, Кина, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Германија, Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција и Британија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе