Милијардерите за време на пандемијата се збогатиле за 4.000 милијарди долари

Извештај на Институтот за политички студии во Соединетите Американски Држави покажува дека богатството на 20-те најбогати милијардери се зголемило за 742 милијарди долари.

EPA-EFE

Богатството на светските милијардери за време на пандемијата на коронавирусот е поголемо за 4.000 милијарди долари.

Порталот Бизнис инсајдер го објави извештајот на Институтот за политички студии (ИПС), кој покажува дека од 18 март 2020 до 18 март 2021 година богатството на 2.365 милијардери е зголемено за 54 отсто, односно за 4.000 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати американски милијардери го зголемиле богатството за 742 милијарди, што е зголемување од 68 отсто.

Извештајот на меѓународната организација Оксфам објавен на почетокот на 2021 година покажа дека милијардерите се побогати за околу 3.900 милијарди долари.

Во извештајот е наведено дека тие пари би помогнале никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот, а со нив би можело да се купат доволно вакцини против вирусот за сите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе