Минатата година

Милијардерите станаа посиромашни првпат во последните десет години

Најбогатите луѓе во светот минатата година станале нешто помалку богати, велат економските извештаи. Разните геополитички превирања и нестабилниот пазар на капиталот за првпат во последните десет години предизвикаа намалување на богатството на милијардерите.

Тоа на глобално ниво падна за 388 милијарди долари, покажуваат извештаите на УБС и ПВЦ. Намалувањето на богатството особено го почувствуваа кинеските милијардери и тие во азиско-пацифичкиот регион.

Иако нето вредноста на најбогатите Кинези падна за 12,8 отсто, во Кина и понатаму секои два до два и пол дена се создава нов милијардер, пишува Ројтерс.

Глобално гледајќи, бројот на милијардерите опаѓа секаде во светот освен во Америка.

„Овој извештај ја покажува отпорноста на американската економија, каде на крајот на 2018 имаше 749 милијардери“, изјави финансискиот експерт Џон Метјуз, шефот на УБС во САД.

„Веројатно богатството на милијардерите годинава повторно ќе се зголеми“, кажа Сајмон Смајлс, директорот на инвестицискиот оддел на УБС за богати клиенти.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе