„Економски проект со политички фактор“

Меркел: Северен тек 2 мора да биде завршен

Американските санкции против гасоводот Северен тек 2 не се во согласност со правната регулатива на Берлин, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

EPA-EFE

„Сметаме дека е неопходно да се заврши тој проект и ќе работиме во таа насока“, истакна Меркел обраќајќи им се на пратениците во Бундестагот.

Таа повтори дека Северен тек 2 е економски проект, кој има и „политички фактор“.

„Поради тоа Германија толку се заложи да се склучи договор според кој Украина не може да се исклучи од транзитот на рускиот гас и транзитните царини“, истакна германската канцеларка.

Шредер: Санкциите против НАТО сојузник се потег без преседан

Поранешниот герамански канцелар Герхард Шредер смета дека најавените американски санкции против Северен тек 2 го загрозуваат традиционалното партнерство и дека е неопходна парламентарна дискусија со Конгресот на САД за да се откорнат „особено отровните заби“ на новиот пакет санкции.

Шредер учествуваше во јавната расправа на Комитетот на Бундестагот за економика и енергетика, посветена на ситуацијата во врска со изградбата на гасоводот.

Според него, на Вашонгтон треба да му се даде до знаење дека „таквата комуникација со Европа е против интересите на безбедноста на САД“.

Шредер истакна и дека ова не е прв обид на Вашингтон да се меша во економската политика на Германија, а властите во Берлин доследно да добиваат екстериторијални санкции. Тој истакна дека Северен тек 2 не е руски туку европски проект, во кој се ангажирани над 120 компании, како и дека вкупната вредност на реализираните инвестиции е 12 милијарди евра.

„Санкциите на САД, според тоа, мора да бидат укинати, како за нашите, така и за европските интереси“, кажа Шредер.

Поранешниот германски канцелар додаде дека санкциите против сојузник од НАТО во време на економска криза не се ништо други освен свесно раскинување на трансатлантското партнерство, напад врз европската економија, недозволив напад врз суверенитетот на Европската Унија и енергетската безбедност на Западна Европа.

Германската дипломатија: Американските санкции грубо го нарушуваат сувернитетот на ЕУ

И претставници на германското министерство за надворешни работи и германскиот Будестаг, државниот секретар Нилс Анен и парламентарниот секретар во министерството за економија на Германја Томас Барајс, остро негодуваа за најавените американски санкции против новиот гасовод.

„Треба да се има предвид дека тој нацрт закон секако ќе биде усвоен. Недвосмилениот став на германската влада е заснован врз тоа дека станува збор за грубо кршење на суверенитетот на Европската Унија“, изјави Анен, потсетувајќи дека во проектот се ангажирани компании од Германија, Франција, Холандија и Австрија.

Барајс наведе дека новите американски санкции се „случај без преседан во партнерските трансатлантски односи“ на ЕУ и САД.

Шефот на комитетот на Будестагот за економија и енергетика Клаус Ернст кажа по расправата во парламентот дека Берлин не планира да им се заканува на САД поради најавените санкции за Северен тек 2, но дека е спремен да размислува за возвратни санкции доколку нема друго решение.

Изградбата на Северен тек 2

САД, кои ѝ го нудат својот природен течен гас на Европа, редовно истапуваат против руско-европскиот гасен проект. На крајот на минатата година американските власти го усвоија одбранбениот буџет кој подразбира воведување санкции на компании кои учествуваат во реализацијата на Северен тек 2. Веднаш потоа швајцарската компанија Алзеас соопшти дека го сопира поставувањето на цевките за гасоводот.

Москва истакнува дека проектот има исклучиво економски карактер и дека е во европските интереси. Проектот го поддржуваат Германија и Австрија, на кои им се потребни сигурни испораки на енергенсот. За изградба на гасоводот се залага и Норвешка, на чија влада ѝ припаѓаат 30 отсто од компанијата Кварнер, еден од изведувачите на работите.

Северен тек 2 подразбира изградба на два крака на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.

Претходно конгресмени на Републиканската и Демократската партија на САД поднесоа на разгледување во Претставничкиот дом на САД нацрт закон кој содржи засилување на санкциите против проектот Северен тек 2. На почетокот на јуни во Сенатот на САД беше поднесен уште еден нацрт закон против гасовот, кој поздразбира санкции против осигурителните компании кои соработуваат со бродовите ангажирани за поставување на цевките.

Агенцијата Блумберг претходно соопшти дека германските власти подготвуваат одговор, доколку Белата куќа ја реализира својата закана за дополнителни санкции против Северен тек 2.

Во документот на министерството за економија на Германија се наведува дека новите американски санкции би можеле да погодат значителен број европски компании и банки, како и државни организации. Меркел размислува за план за координирано дејство на Европската Унија, истакна агенцијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе