Меркел и Путин разговараа за транспортот на рускиот гас, еве што договорија

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа по телефон за продолжувањето на транзитот на рускиот гас кон Европа преку Украина по истекувањето на транзитниот договор од 31 декември оваа година, извести Кремљ.

„Во врска со денешните редовни трилатерални министерски консултации Русија-Украина-ЕУ што се одржуваат во Брисел, двајцата државници разменија мислења за продолжувањето на транзитот на рускиот гас преку Украина во Европа по истекот на десетгодишниот договор кон крајот на 2019 година“, се вели во соопштението на кремљската прес-служба.

Сите варијанти им одговараат

Како што се додава, сите три страни се заинтересирани „за оваа или онаа варијанта“ за продолжувањето на договорот за транзит на гас.

„На Русија ѝ се потребни украинските транспортни капацитети, па во текот на 2020 година не може потполно да се откаже од нив, ЕУ е заинтересирана за стабилна испорака на гас во текот на зимата и се залага за долгорочен договор за транзит за Киев за да се загарантира атрактивноста на украинскиот гасен транспортен систем за вложување во негова модернизација. Што се однесува на Украина, таа се надева на склучување на долгорочниот договор зашто во случај на прекин на транзитот би ги изгубила пресметковните приходи во висина од три милијарди долари годишно“, се вели во соопштението.

Последниот круг преговори меѓу Русија, Украина и ЕУ за продолжување на договорот за транзит на руски гас во Европа преку Украина е одржан на 19 септември и траеше само 40 минути, а по него претседателот на Европската комисија за енергетска унија Марош Шефчович изјави дека првпат по многу години поминал во мошне конструктивен и позитивен тон.

Трите страни тогаш истакнаа дека продолжувањето на транспортот преку Украина и испораката на руски гас во Европа се можни во речиси кое било сценарио и дека Газпром, Украина и Европа се погрижија и за можни „црни денови“ со пополнување рекордни количества гас во подземните складови.

Договорот истекува во последниот ден оваа година.

Договорот за транзит на рускиот гас во ЕУ преку Украина истекува на 31 декември оваа година. Русија предлага продолжување на договорот врз моменталните основи, а ЕУ предлага украинскиот гасен систем да биде дел од покрупниот проект за достава на гас од Централна Азија во Европа.

Украинскиот оператор Нафтогаз ја обвинува Москва дека сака целосно да го прекине транзитот на гас преку Украина. А пак Русите повеќепати одговорија дека без оглед на изградбата на други гасоводи од Русија кон Европа, особено на Северен тек 2 и Турски тек, транзитот преку Украина може да продолжи ако Украина предложи конкурентни услови.

На крајот на 2008 година Киев и Москва не успеаја да склучат нов договор за достава на руски гас на Украина. Како резултат на тоа, руски Газпром требаше да ја запре испораката, но продолжи да ги испорачува потребните количества гас за да ги исполни своите обврски спрема европските потрошувачи. Нафтогаз почна да зема дел од транзитниот гас, што доведе до најсериозниот прекин на испорака на плин во Европа во историјата во самиот врв на зимата.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе