Лидерите на Г-20 едногласно поддржаа минимален данок за корпорациите од 15 проценти

На самитот на Г-20 во Рим едногласно е усвоена глобалната минимална даночна стапка за мултинационалните корпорации, која треба да изнесува околу 150 милијарди долари годишно.

Фото: ЕПА

Министрите за финансии на членките на Групата 20 во јули се согласија даночната стапка за мултинационалните гиганти да не биде помала од 15%, што беше прифатено на вчерашната средба во Рим, пренесе АП.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека тој историски договор е „критичен момент“ за глобалната економија и „ќе го означи крајот на штетната трка за намалување на корпоративните даноци“.

Таа посочи дека од овој договор ќе имаат корист американската економија и работниците, без разлика што сега американските мегакорпорации ќе бидат принудени да плаќаат многу повеќе даноци.

Задоволство од договорот изрази и американскиот претседател Џо Бајден, и покрај тоа што во почетокот на преговорите побара минималната глобална даночна стапка за мултинационалните корпорации да биде 21 процент.

„Ова е повеќе од само еден договор за данокот, ова е за дипломатско преобликување на нашата глобална економија и давање на нашите граѓани“, напиша американскиот претседател Џо Бајден на Твитер.

САД и ЕУ ги укинуваат таксите на челикот и алуминиумот

На маргините на самитот на Групата 20 во Рим, САД и Европската Унија постигнаа договор за постепено укинување на увозните такси за челик и алуминиум, воведени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во 2018 година администрацијата на Трамп воведе такси за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија, објаснувајќи дека странските производи ја загрозуваат националната безбедност, а неколку европски земји одговорија со идентични давачки за увоз на мотоцикли, бурбон, путер од кикиритки, џинс и многу други американски производи.

Договорот со Европејците вчера го соопштија советникот за национална безбедност Џек Саливан и министерката за трговија Џина Рејмондо. Тие наведоа дека е договорено да не се укинуваат веднаш целосно увозните такси, туку првично само одредени количества челик и алуминиум од Европската Унија да можат да се увезуваат во САД без дополнителни давачки, пренесе АП.

„Успеавме да го усогласиме договорот според кој членките на Европската Унија ќе ги укинат таксите за увоз на американски производи и се погриживме сите количества челик што пристигнуваат во САД од Европа да бидат целосно произведени во Европа“, изјави Рејмондо.

Таксите што ги воведе Трамп им нанесоа штета на европските производители, во Америка доведоа до повисоки цени на челикот, а не придонесоа за отворање поголем број работни места во таа индустрија.

Европската Унија прва направи чекор кон помирување, бидејќи во мај одлучи да не ги зголемува увозните такси, како што беше планирано. Така, на пример, таксата за увоз на виски од САД остана на 25 отсто, иако требаше да се зголеми на 50 отсто.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе