Лавров: Ја научивме лекцијата со Јужен тек, сега бараме гаранции

На Русија ѝ се потребни цврсти гаранции од Европската комисија за изградба на транзитната линија на гасоводот Турски тек, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Изградбата на Турски тек напредува според планираното. Се разгледуваат и опциите за продолжување на копнената транзитна линија на овој гасовод во правец на Европа“, кажа Лавров, а пренесува руската агенција ТАСС.

„Меѓутоа, имајќи ги предвид несреќните лекции поврзани со Јужен тек, сега се неопходни цврсти правни гаранции од Европската комисија“, додаде рускиот министер.

„Газпром минатата година го собори рекордот во испораките на гас на европскиот пазар. Реализацијата на големите инфраструктурни проекти продолжува, меѓу кои е и Северен тек 2 кој би требало, преку најкратката и најевтина рута, да го разграни снабдувањето со гас за европските потрошувачи“, кажа Лавров.

Првата линија на гасоводот Турски тек е наменета за испораки на гас во Турција, а другата за земјите од јужна и југоисточна Европа. Капацитетот на секоја линија е по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе