Шефицата на Европската централна банка

Лагард: Инфлацијата со време ќе ослаби

Застоите во снабдувањето и растот на трошоците на енергијата би требало да попуштат следната година, што би значело и значително послаба инфлација, но периодот на нормализација ќе трае подолго од што се очекуваше, соопшти шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.

EPA-EFE

ЕЦБ очекува остар пад на инфлацијата следната година, откако во октомври потрошувачките цени, според проценката на Еуростат, пораснаа за 4,1 отсто, најсилно во 13 години.

Лагард упорно ги отфрла сугестиите монетарната политика во еврозоната да се заостри, повторувајќи ја пораката на ЕЦБ дека условите за кревање на каматните стапки веројатно нема да бидат исполнети во следната година, бидејќи се очекува инфлацијата потоа повторно да падне под планираните два отсто.

ЕЦБ во септември прогнозираше дека инфлацијата во еврозоната во просек во следната година ќе падне на 1,7 отсто, и на 1,5 отсто во 2023.

Европската комисија процени во есенските прогнози, објавени минатата недела, дека во следната година ќе изнесува 2,2 отсто, и ќе падне на 1,4 отсто во 2023.

„И понатаму очекуваме слабеење на инфлацијата во следната година, но затоа пак ќе биде потребно повеќе време отколку што првично се очекуваше“, кажа Лагард во говорот пред одборот на Европскиот парламент за економска политика во понеделникот.

Таа наведе дека застоите во ланците за снабдување веројатно ќе бидат нешто помали во следната година, а и терминските договори за енергенсите покажуваат значителен пад на цените, што упатува на заклучокот дека инфлацијата ќе ослаби, дури и ако процесот на нормализација на цените потрае.

Лагард напомена дека и платите би можеле да реагираат на инфлацијата, повторувајќи дека сепак во ЕЦБ сметаат дека цените нема да растат подолго време со посредство на секундарните ефекти.

„Проценуваме дека платите следната година би можеле да пораснат можеби и нешто посилно од оваа година, но ризикот на секундарните ефекти останува неограничен“, кажа шефицата на ЕЦБ.

Таа додаде дека индустријата е под притисок, што би можело да резултира со послаб економски раст.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе