Куба со нова реформа го прошири приватното претприемништво

Куба вчера објави дека приватното претприемништво се дозволува во големина на сектор, што е значителна реформа за комунистичката земја во чија економија доминира јавниот сектор.

EPA-EFE

Мерката која во август ја најави министерката за труд Марта Елена Феито е одобрена во петокот за време на седница на Советот на министри, објави весникот Гранма, официјалното гласило на владејачката Комунистичка партија.

Приватното претприемништво на Куба е дозволено од 2010 година, но ограничено е на само неколку сектори кои ги одреди државата.

Голем раст на претприемништвото се бележи од 2014 по историското подобрување на односите меѓу Куба и САД за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама.

„Претходната листа од 127 дозволени активности е елиминирана“, кажа министерката.

Од сега натаму на листата наместо дозволени активности ќе ги има само секторите резервирани за државата.

„Од вкупно околу 2 илјади активности само 124 ќе бидат делумно или целосно ограничени“, кажа Феито. Не откри за кои сектори станува збор, но се претпоставува дека станува збор за индустриите важни за државата како медиумите, здравството и одбраната.

„Целта на оваа реформа е приватното претприемништво продолжува да се развива“, истакна министерката.

Во моментов во приватниот сектор работат над 600 илјади Кубанци, односно 13 отсто од работната сила на островската држава со 11,2 милиони жители.

Повеќето се вработени во угостителството, сообраќајот и туризмот, секторите најсилно погодени од санкциите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и пандемијата на коронавирусот.

Министерот за стопанство Алехандро Гил на Твитер напиша дека новата реформа е „важен чекот кон зголемувањето на вработеноста“.

Тоа се „добри вести и чекор во вистинската насока, дури и ако, за жал, предолго се чекало да се одобри“, напиша Рикардо Торес, економист од Универзитетот Хавана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе