Кремљ ја шири шемата на плаќање во рубли и на друга стока

Русија ќе ја прошири шемата на плаќање гас во рубли и на други видови стока, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Западните земји го надминаа разумното со воведувањето на санкциите против (рускиот претседател Владимир) Путин, додаде тој.

„Во светот постои ерозија на довербата во доларот и еврото, многу земји се сомневаат во нивната сигурност и развиваат меѓусебна пресметка во националните валути“, изјави Песков, пренесува РТ.

„Го гледаме таквото лудило со санкциите – најголемиот товар на санкциите во историјата сега паѓа на Руската Федерација“, кажа Песков.

Според него, „ова го забрзува процесот на ерозија на светската резервна валута“.

Портпаролот на Кремљ истакна дека ова е ерозија на довербата во доларот и еврото, кои секогаш биле рбетот за меѓународните порамнувања.

Напомена дека „сè повеќе земји, сомневајќи се во сигурноста на доларот и еврото, тежнеат да развиваат опции и да разработуваат можности за меѓусебна пресметка во националните валути“.

Претходно потпретседателот на руската влада Александар Новак кажа дека поради санкциите се поткопува довербата во трговијата со нафта во долари и евра. Според него, во иднина, при пресметките треба да се користат националните валути.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе