Косовската „рампа“ ја чини Србија 500 милиони евра

На српската економија со воведувањето на косовските царини ѝ е нанесена штета од над 500 милиони евра на годишно ниво, изјави Марко Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада.

Ѓурич на конференција за новинарите ја праша Приштина кој е одговорен за шверцот на територијата на Косово и чии фирми профитираат од царините на српската стока, како и дека е невистинита изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека штетата од царините е само неколку милиони долари.

„Настојувањата да се намали штетата за да се намали притисокот кој Приштина го трпи од дел од меѓународната заедница не се ништо друго освен извртување на реалноста и неточно прикажување на фактите“, кажа Ѓуриќ.

Тој додаде дека Тачи и другите претставници на Приштина би требало, наместо да ја намалуваат штетата која нивните мреки им ја нанесуваат на Србите и Албанците и на српската економија, да понудат одговор на прашањето кој е одговорен за шверцот на територијата на Косово, за кој зборувал и Тачи.

„Бидејќи Тачи спомнува канали за шверц, кои постојат, потребно е некој од надлежните органи, или привремените институции на самоуправата во Приштина или другите држави кои учествуваат во опкружувањето во таквите активности, да дадат одговор на прашањето кој овозможува преку територијата на Македонија да се шверцуваат огромни количества стока на територијата на Косово и Метохија и чии фирми, блиски до кои косовски политичари, се главните профитери од антицивилизациските царини на српската стока“, кажа Ѓурич, истакнувајќи дека нечии фирми од сето ова дебело профитираат.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе