Коронавирусот речиси целосно го сопре турскиот туризам

Турскиот туризам речиси целосно сопре во април поради падот на странските посетители за над 99 отсто под влијание на ограничувањето на патувањата за да се сузбие ширењето на коронавирусот.

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во април во Турција допатуваке само 24.238 странски посетители, додека во истиот месец лани биле забележани 3,29 милиони, соопшти денес турското министерство за туризам.

Во првите четири месеци од оваа година нивниот број е повеќе од преполовен, на 4,3 милиони.

Истанбул имал најмногу посетители, вкупно 2,3 милиони во првите четири месеци од 2020. Најголемиот пазар била Бугарија од каде во Турција стигнале речиси 400 илјади посетители. Следи Германија со нешто повеќе од 356 илјади.

Турција во 2019 година имала вкупно 45 милиони странски посетители и 34,5 милијарди долари приходи од туризам, исклучително важни за потклекнатата економија.

Оваа недела повторно почнаа да примаат резервации од странство за повторно придвижување на услугите на здравствениот туризам за странците.

Хотелите во медитеранското одморалиште Анталија посебно почнаа со подготовки за повторно отворање, усогласено со владините безбедносни прописи за контрола на епидемијата.

Турција на 27 март ги прекина сите меѓународни летови за да се сузбие ширењето на вирусот.

Националниот превозник Туркиш ерлајнс неделава го продолжи прекинот на меѓународните летови до 10 јуни, додека домашните летови се прекинати до 4 јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе