Конечна одлука: Данска даде зелено светло за продолжување на изградбата на Северен тек 2

Данскиот апелациски орган за енергетика не прими жалба на одлуката на Данската енергетска агенција.

EPA-EFE

Со таа одлука е одобрено компанијата Норд стрим 2 АГ да користи вкотвени пловила за време на изградбата на гасоводот Северен тек 2. Рокот за жалба на новата одлука беше до 3 август.

Во соопштението на одборот се наведува дека операторот може да продолжи со изградбата на гасоводот од 4 август.

Данската енергетска агенција даде на почетокот на на јули дозвола на компанијата Норд стрим 2 да ја заврши изградабата на гасоводот во своите води.

Сега компанијата во реализацијата на проектот може да користи не само бродови со динамички систем за позиционирање, туку и со сидра, бидејќи трасата на која треба да се доврши гасоводот минува надвор од ризичната зона на контакт со хемиското оружје закопано на дното на Балтичкото Море.

Како што тогаш беше кажано, поставувањето на цевките може да продолжи најрано од 3 август, кога заврши рокот за жалби на одлуката.

Северен тек 2 вклучува два крака на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Во изградбата на гасоводот учествуваат бројни европски компании.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе