Комерсант: ЕУ ѝ даде до знаење на Србија дека нема да може да „седи на две столчиња“

ЕУ на Србија ѝ даде до знаење дека „тешко ќе може да седи на две столчиња“ по потпишувањето на договорот за слободна трговија со Евроазиската економска унија, пишува рускиот весник Комерсант.

Весникот наведува дека ЕУ побарала од Србија да го одбие потпишувањето на тој договор, истакнувајќи дека противречи на плановите на Србија за влегување во ЕУ.

„Со тоа Брисел ѝ даде до знаење на Србија дека тешко ќе може да седи на две столици“, пишува весникот и додава дека во Белград одговараат дека до влегувањето во ЕУ имаат право да потпишуваат такви договори со кои било држави.

Комерсант потсетува дека Србија сепак наскоро ќе треба да се определи и да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ, вклучувајќи ги и односите со Русија.

Се потсетува дека директен повик до Србија да се откаже од потпишувањето на договорот испратија министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки, по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со новиот амбасадор на Србија во Белград Александар Боцан Харченко.

„Повикот на ЕУ до Србија е ново предупредување на Брисел дека е неприфатлива политиката на седење на две столчиња во односите со Западот и Русија, која се обидува да ја спроведува Вучиќ. Брисел веќе неколку пати го потсетува раководството на Србија кој е нејзиниот главен партнер: со ЕУ има 60 отсто трговска размена, со Русија помалку од седум отсто, додека обемот на европските инвестиции во Србија е повеќе пати поголем од рускиот“, пишува Комерсант.

Весникот го цитира шефот на белградскиот Центар за надворешна политика Драган Ѓукановиќ, кој вели дека договорот со Евроазиската унија за Србија нема суштинско значење.

Комерсант наведува дека експертите сметаат дека потпишувањето на договорот значи дека Србија се обидува да ја натера ЕУ да го забрза процесот на евроинтеграција на Србија.

Се потсетува дека во согласност со новата стратегија на проширување на ЕУ, Србија може да влезе дури во 2025 година, но дека Белград наското мора да го почне дијалогот за надворешната и одбрамбената политика.

„Тогаш Србија ќе мора или да се приклучи на политиката на ЕУ кон Русија, вклучувајќи ги и санкциите, или ќе мора да се прости со плановите за европска иднина. Во тој случај прашањето за излегување од договорот со Евроазиската унија отпаѓа само по себе“, заклучува рускиот весник.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе