Колку злато остана во светот

Минатиот месец цената на златото достигна рекорд, качувајќи се над 2.000 долари по унца.

EPA-EFE

И додека зголемувањето на цената беше условено од трговците на златото, се поставува прашањето за снабдувањето со овој благороден материјал, како и кога повеќе нема да го има.

Побарувачката за злато е голема бидејќи златото се гледа како инвестиција, статусен симбол, но и бидејќи е една од клучните компоненти во голем број електронски уреди.

Меѓутоа, златото е исто така ограничен ресурс и во одреден момент повеќе нема да го има во рудниците.

Експертите зборуваат за концептот на „врв“ на златото, кога златото се вади од рудниците во најголема можна мера. Некои веруваат дека веќе сме ја достигнале таа точка.

Во 2019 година производството во рудниците на злато изнесувало вкупно 3.521 тон, што е за еден отсто помалку од претходната година, наведува Светскиот совет за злато. Тоа е всушност прв пад во производството од 2008 година.

„И додека производството во рудниците може да успори во следните години, бидејќи постоечките резерви се исцрпени, а новите наоѓалишта станаа исклучително ретки, да се каже дека производството веќе го достигнало својот врв е можеби малку избрзано“, вели Хана Брендстетер, портпаролка на Светскиот совет за злато.

Дури и кога „врвот на златото“ ќе се случи, експертите велат дека во годините потоа нема да се забележи драматичен пад во производството. Наместо тоа, би можеле да сведочиме на постепено намалување на производството кое ќе трае неколку децении, пишува Би-би-си.

„Производството во рудниците стагнира и веројатно ќе почне да паѓа, но не драматично“, додава Рос Норман од порталот Металс дејли.

Рударските компании го проценуваат количеството злато кое останува во земјата на два начини:

1. резерви – златото кое е економично за ископување по актуелната цена на златото, и

2. ресурси – златото кое потенцијално ќе стане економично за ископување по понатамошна истрага или по поголема цена.

Обемот на резервите на злато може да биде пресметан попрецизно од ресурсите, но ова сепак не е лесна задача.

Резервите кои се наоѓаат под земјата во моментов се проценуваат на околу 50.000 тони, според Американската геолошка служба.

За да го согледмае поширокиот контекст – се проценува дека околу 190.000 тони досега се извадени од рудниците.

Судејќи по грубите проценки, преостанати се уште околу 20 отсто да се ископаат. А тие, нормално, не се лесна мета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе