Колку пари добиваат невработените Американци?

Милиони Американци ја изгубија работата откако пандемијата на коронавирусот ја погоди земјата. Сепак, тие имаат право на користење значителна финансиска заштита за време на кризата.

Многумина од нив всушност ќе добиваат повеќе пари од бироата отколку што им изнесувале платите. Меѓу нив има и такви кои ќе добиваат двојно поголеми износи отколку што претходно добивале како личен доход.

Американските власти донесоа претходно пакет за помош на економијата и граѓаните во вредност од 2,2 билиони долари, во кој се вклучени и дополнителни бенефиции за невработените.

Според анализата на Ноа Вилијамс, директорот на Центарот за истражување на економијата на Висконсин на Универзитетот Висконсин-Медисон, околу 40 отсто од сите работници би можеле теоретски да заработат повеќе додека се невработени отколку што би заработиле ако се вратат на работа.

Прописот, познат како КАРЕС закон, го зголеми надоместот за невработените на неколку начини. Ги зголеми неделните надомести, нивното траење и го прошири бројот на луѓе кои може да ги примаат, како самовработените.

Според законот, невработените примаат дополнителни 600 долари неделно, кои ги финансира сојузната влада.

Тоа се додава на надоместите за невработените кои секоја одделна држава обично им ги исплаќа на работниците, а чиј износ варира од држава до држава.

Просечниот работник во повеќе од половина од државите ќе заработи повеќе од невработеноста отколку од својата претходна работа, покажува и анализата која ја спроведе Ерни Тедески, економист на Ееверкор ИСИС.

Експертите пресметале дека, на пример, работниците кои се вработени во рестораните за брза храна, сега ќе добиваат 219 отсто, односно повеќе од двојно повеќе отколку што заработувале додека работеле.

Нивните плати во просек беа 11 долари на час.

Просечниот работник во угостителството и хотелиерството, кој заработувал 13,45 долари по час, сега ќе има 182 отсто примања, односно нешто помалку од двојно отколку кога работел.

Од друга страна, оние кои заработувале многу повеќе пред кризата, сега ќе имаат помалку пари во однос на својата редовна плата.

Целта на владата беше, во просек, невработените работници да имаат исто пари како и во периодот кога работеле.

Додатокот од 600 долари неделно за невработените трае до крајот на јули.

Од почетокот на кризата околу 33 милиони Американци се пријавија на бироата за невработени.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе