Колку гас стигнува во Европа откако Русија повторно го пушти

Протокот на гас низ гасоводот Северен тек 1 од Русија во Германија денес остана стабилен, додека преку гасоводот Јамал-Европа од Германија во Полска е благо зголемен, покажуваат последните податоци на операторите.

EPA-EFE

Според податоците на страницата Норд стрим АГ, физичкиот проток на гасот утринава изнесувал 29,28 милиони киловатчасови (kWh/h) по час, во однос на околу 29 милиони kWh/h во претходниот ден.

Низ Северен тек 1, кој оди по дното на Балтичко Море од Русија до Германија, повторно во четвртокот продолжи транспортот на гас по десетдневниот прекин поради одржување, но гасоводот работи само со 40 отсто од капацитетот.

Сименс енерџи вчера на рускиот гасен џин Газпром му ја предаде документацијата од Канада, која го овозможува транспортот на турбината за Северен тек 1, јави рускиот весник Комерсант.

Обновената гасна турбина ќе биде инсталирана кога ќе се врати од ремонт, а природниот гас до тогаш ќе биде испорачуван „во соодветни количества“, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, но не кажа дали испораката ќе биде зголемена истакнувајќи дека треба да се одржува и друга опрема.

Количеството руски гас кое се транспортира од Украина во Словачка преку граничниот пункт Велике Капусани остана денес непроменето во однос на ден претходно, односно изнесува 36,8 милиони кубни метри дневно, според податоците на украинскиот оператор.

Во меѓувреме, Европската Унија сака да договори дополнителни испораки на гас од Нигерија, додека економскиот блок се подготвува за можен прекин на снабдувањето од Русија.

ЕУ покрива 14 отсто од својот увоз на течен гас од Нигерија, а постои потенцијал количеството тројно да се зголеми. Минатата година Нигерија извезе 23 милијарди кубни метри гас во ЕУ, но во последните години тој увоз се намалувал. За споредба, во 2018 година ЕУ од Нигерија купила 36 милијарди кубни метри ЛНГ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе