Кој има најмногу злато на Балканот: Македонија е втора, веднаш зад Србија

Србија за една година ги зголемила своите златни резерви за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони вредни 1,66 милијарди евра.

EPA-EFE

Одделни земји во регионот, како на пример Хрватска, немаат ни грам. Од друга страна, некои држави од регионот го искористиле своето злато како залог за кредит, пишува српски Блиц.

Податоците на Ворлд голд кансил (Светскиот сојуз за злато), најпрецизната база на информации за резервите на државите, за вториот квартал од оваа година покажува дека најголеми златни резерви по Србија на Балканот има Македонија – 6,89 тони.

Следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато кое е заложено за кредит. За Хрватска е наведена бројката – нула.

Инаку златото кај одделни големи сили сочинува и до 70 отсто од нивните вкупни девизни резерви.

Хрватска своите последни златни резерви ги продала уште во 2001 година.

Хрватската народна банка решила тогаш да продаде 13,127 тони златни резерви по тогашната цена од 272 долари по унца, што на државата ѝ донело околу 115 милиони долари. Остатокот од златните резерви „заминал“ во 2005 година по цена од 496 долари по унца, за што Хрватска заработила околу 31 милион долари.

Значи оваа земја своето злато го продала за 146 милиони долари, а денес за него би можела да добие 710 милиони долари.

Црногорските резерви на злато од 38.477 унци или 1.090 килограми, наследени од некогашна СФРЈ, не се зголемиле ни за грам и не се наоѓаат во земјата. Тие во 2017 година третпат биле заложени за кредит во банката Креди суис. Таму ќе останат до 2027, додека не се исплати десетгодишниот заем.

Златото претставува и девизни резерви. Овој благороден метал служи и како гаранција за доверба во централната банка, особено во несигурни времиња.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе