Коха диторе: Владата на Косово најави нова одлука за реципроцитет со Србија

Косовскиот пазар е преплавен со производи кои се увезуваат од Србија, што е овозможено со укинувањето на царините на 31 март од владата на Косово.

EPA-EFE

Статистиките покажуваат дека за два месеци вредноста на стоката увезена од Србија изнесува околу 29 милиони евра. Истовремено, во Србија е увезена стока во вредност од 2,7 милиони евра, јавува Коха диторе.

Од друга страна, владата на Косово вели дека се спроведува постепен трговски реципроцитет со Србија.

Косовската влада соопштила и дека имало случаи на обид за увоз на стока на Косово, со неуставно име на Косово.

Новата одлука за реципроцитет косовската влада ја најавува за 15 јуни.

Институтот ГАП проценува дека укинувањето на царините било потребно бидејќи за време на трговската блокада цените на производите пораснале за шест отсто, а износот на увозот од Србија, според ГАП, исто така зависи од интересирањето за купување на овие производи.

Поради пандемијата, приходите од увозот со Србија за април-мај биле околу 3,5 милиони евра.

Со одлуката на владата на Косово од 1 април стапи на сила постепен реципроцитет кон Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе