Ќе успее ли Русија да го избрка доларот?

Русија продолжува забрзано да напредува кон диферсификација на своите меѓународни резерви, пишува Блумберг.

Според податоците на Централната банка на Русија, златните резерви во февруари 2019 пораснале за 31,1 тон за на 1 март да достигнат ниво од 2.149 тони. Русија во јануари ги зголеми златните резеви за 6,22 тони.

Неколку извори од бизнис сферата наведоа за Блумберг дека златото може да стане проблем кога повеќе земји ќе усвојат стратегија слична на таа на Русија. Американските партнери како Франција, Полска и Унгарија веќе се пуштија во слично купување на злато или ја гледаат својата зависност од доларот како проблем на суверенитетот.

Главниот економист на компанијата Ренесанс капитал, Олег Кузмин, смета дека продолжените тензии со Вашингтон ќе доведат до тоа Русија да продолжи да го зголемува количеството залто во своите меѓународни резерви.

Веќе можеме да зборуваме за одредени достигнувања кои Централната банка на Русија успеа да ги постигне во оваа област.

Роналд Петер Стеферле, управувачки партнер на компанијата Инкрементум АГ, соопшти дека „златната набавка“ на Русија влијаела врз порастот на светската цена на златото во последните неколку години.

Вредноста на златото порасна за повеќе од 20 отсто од 2016 година и на 29 март достигна околу 1.300 доларо по унца.

Во изминатиот месец, економистите проценија дека Централната банка на Русија остварила приход од најмалку десет милијарди долари благодарение на зголемувањето на цената на своите резерви во злато.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе