Трговската војна се разгорува

Кина најави нови царини на увозот од САД

Пекинг најави нови царини на американскиот увоз во вредност од 75 милијарди долари возвраќајќи му на Вашингтон со иста мера во трговскиот спор кој веќе со месеци ја тресе светската економија.

Кина од почетокот на септември, односно средината на декември, ќе воведе царини во распон од пет до 10 отсто на 5.078 производи од САД, вклучувајќи соја, сирова нафта и мали авиони.

Најавени се и 25-отстотни царини на увозот на автомобили од САД и 5-отстотни царини на увозот на автомобилски делови кои ќе стапат на сила на 15 декември.

Американското кревање на царините „доведе до континуирана ескалација на тензиите во кинеско американските економски и трговски односи, кршејќи го договорот меѓу лидерите на двете држави постигнат во Аргентина и потоа во Осака“, се истакнува во соопштението на кинеската царинска управа.

„Кина беше присилена да донесе одлука за примена на дополнителни царини поради американскиот унилатерализам и протекционизам“, се додава.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини на кинескиот увоз во вредност од 250 милијарди долари, а најави и два нови круга царини на дополнителни 300 милијарди долари вреден кинески увоз на почетокот на септември и средината на декември.

Кина возврати со царини на американскиот увоз во вредност од околу 110 милијарди долари, што одговара на речиси целата вредност на минатогодишниот увоз од САД, истакнува Франс прес.

Од кабинетот на американскиот секретар за трговија не сакаа да ја коментираат кинеската најава на новите царини.

Ескалацијата на трговската војска на двете водечки светски економии ги разгорува стравувањата од можна рецесија во САД. Царините веќе ги блокираа глобалната трговска размена и економскиот раст во САД и во Кина, наведува Франс прес.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе