Кина ќе впумпа 173,8 милијарди долари во економијата поради коронавирусот

Народната банка на Кина објави дека ќе впумпа 1,4 билиони јуани (173,8 милијарди долари) во економијата поради загриженоста дека коронавирусот ќе го намали нејзиниот раст.

Кинеската централна банка соопшти дека сумата ќе биде префрлена во економијата денес, 3 февруари, преку реверсни репо операции (трансакции во кои банката купува хартии од вредност и истовремено е согласна повторно да ги продаде на одреден ден по одредена цена).

Со тоа вкупната ликвидност во банкарскиот систем на таа земја ќе се крене за 900 милијарди јуани во однос на истиот период минатата година.

На донесувањето на ваквата одлука влијаеше зголемувањето на бројот на жртвите на коронавирусот, како и првите смртни случаи поради таа болест надвор од Кина, додека бројот на заразени надминува 12.000 луѓе.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе