Кина им се закани на САД: Ќе ги браниме своите интереси

Кина е целосно спремна да ги брани своите интереси во трговската војна со Соединетите Држави, но се надева дека САД можат да ги решат проблемите преку дијалог наместо преземање еднострани чекори, соопшти кинеското министерство за трговија.

„Кина е решена и способна да ги брани своите интереси, но се надева дека може да се најде со САД на половина пат“, им кажа на новинарите портпаролот на кинеското министерство, Гао Фенг.

Кинескиот вицепремиер Лиу Хе е на чело на делегацијата што треба денес и утре да одржи разговори со американските колеги во Вашингтон со цел да се спаси договорот, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со зголемување на царините на кинеската стока.

Трамп вчера кажа дека Кина „го прекршила договорот“ постигнат во трговските преговори со САД и дека нема да се откаже од воведувањето нови давачки ако Пекинг „не престане да ги измамува нашите работници“.

Постигнувањето на договорот бара преземање напор од двете страни, изјави кинеската страна, додавајќи дека посетата на Лиу ја покажува искреноста на Кина. Пекинг е против еднострано наметнување давачки, а во трговската војна нема победник, истакна Гао.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе