Објавена глобалната листа богаташи

Кина ги надмина САД по бројот на нови милијардери

Кина во изминатата година за три пати ги надминала Соединетите Американски Држави според бројот на млади милијардери, кои се збогатиле благодарение на лекови и интернет забавата, индустриите кои доживеаја бум поради епидемијата на новиот коронавирус.

Кина, вклучувајќи ги Хонг Конг и Тајван, произвела 182 нови милијардери во текот на една година до 31 јануари и сега вкупниот број на милијардери во таа земја е 799, покажа објавената Хурун глобална листа на богаташи. Во изминатата година во САД според таа листа се појавиле 59 нови милијардери.

Во извештајот се наведува дека иако епидемијата на коронавирусот во Кина ја успори втората по големина економија во светот, таа исто така ја зголеми вредноста на акциите на кинеските компании кои себбават со интернет образованието и игрите, и производството на лекови и вакцини.

Бидејќи гоелм број Кинези се принудени да престојуваат дома поради карантинот и патните ограничувања, побарувачката за онлајн услугите порасна полнејќи им ги џебовите на сопствениците на тие компании.

Претприемачите, специјализирани за вакцини, исто така профитирале, се наведува во извештајот на Хурун.

„Кина денес има повеќе милијардери од САД и Индија заедно“, кажа Руперт Хугеверф, основач и претседавач на Хурун, додавајќи дека САД имаат 629 милијардери, а Индија има 137. Американските тајкуни се и понатаму на врвот на листата според количеството на богатство, а основачот на Амазон Џеф Безос трета година по ред ја задржува првата позиција со богатство од 140 милијарди долари.

Џек Ма, сопственикот на кинескиот гигант за купување преку интернет Алибаба група, е најбогатиот меѓу кинеските милијардери со имот кој се проценува на 45 милијарди долари.

И покрај трговската војна меѓу Кина и САД, Рен Женгфеи, основачот на телекомуникацискиот гигант Хуавеј, во изминатата година го зголемил богатството за седум отсто на 3 милијарди долари, што е отприлика на исто ниво со богатството на претседателот на САД Доналд Трамп.

Пекинг веќе пет години е светската престолнина на богаташите, со 110 милијардери во однос на Њујорк каде ги има 98. На третото место е Шангај кој таа позиција ја презема од Хонг Конг.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе