Канада: Ги враќаме турбините на Северен тек 1, Германците без гас нема да можат да се греат

Канада ќе одобри укинување на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, на која ѝ се потребни за одржување на работата на гасоводот Северен тек 1, најави канадскиот министер за природни ресурси.

Фото: ЕПА

Канадската влада, која издава дозвола за изземање на враќањето на турбините од нејзините санкции кон Русија, рече дека овој потег ќе ја поддржи „способноста на Европа да пристапи до сигурна и достапна енергија додека го продолжуваат преминот од руската нафта и гас“.

Канада, исто така, најави дека ќе ги прошири санкциите против енергетскиот сектор на Русија за да го вклучи и индустриското производство. Новите канадски санкции „ќе се применуваат на копнениот и цевководниот транспорт и на производството на метали и транспорт, компјутерска, електронска и електрична опрема, како и машини“.

Канада додаде дека „во отсуство на неопходното снабдување со природен гас, германската економија ќе претрпи значителни тешкотии, а самите Германци ќе бидат изложени на ризик да не можат да ги загреат своите домови како што се приближува зимата“.

Германската влада во петокот потврди дека добила позитивен сигнал од Канада во врска со турбините потребни за одржување на Северен тек 1. Турбините прво ќе бидат испратени во Германија, која потоа ќе ги достави до руското државно претпријатие Газпром, изјави владин извор за Ројтерс претходно оваа недела.

Руски Газпром го намали капацитетот долж гасоводот Северен тек 1 на само 40 отсто од нормалното ниво минатиот месец, повикувајќи се на одложеното враќање на опремата што ја сервисира германската компанија Сименс енерџи во Канада. Кремљ во петокот соопшти дека ќе ги зголеми испораките на гас во Европа доколку турбината биде вратена.

Украина се спротивстави на предавањето на турбините на Газпром и Киев верува дека таквиот потег ќе ги заобиколи санкциите против Русија, изјави во четвртокот извор од украинското Министерство за енергетика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе