Како Шведска профитираше од избегнување на карантинот

Економијата на Шведска извлече неочекувана корист од одбивањето да воведе карантин и повеќето други рестриктивни мерки, поврзани со коронавирусот, јавува Си-ен-би-си повикувајќи се на податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

EPA-EFE

Во изминатите три месеци, курсот на шведската круна во однос на еврото порасна од 11,2 круни за евро кон средината на март на 10,4 крини на почетокот на јули. Економисти за американската телевизиска мрежа истакнаа дека тоа се случило и покрај епидемијата во земјата и мерките што ги преземаа властите.

Шведската влада од самиот почеток одби да воведе остри рестриктивни мерки. Во земјата нема забрана за излез на луѓето на улица, работа во јавните институции и заминување во странство. Тоа доведе до зголемување на бројот на заболените во однос на другите земји во регионот, меѓутоа властите своите постапки ги објаснуваа со желбата да ја одржат конкурентноста на економијата.

Аналитичарите сметаат дека падот на курсот на круната во март бил предизвикан од загриженоста на инвеститорите за состојбата на шведското здравство и иднината на економијата. Меѓутоа, нивното однесување потоа се смени, па дури и се зголемија домашните инвестиции.

Во последните недели курсот на круната зајакна, дури и без оглед на одлуката на Централната банка да спроведе мерки на квантитативни олеснувања по примерот на ЕЦБ. Регулаторот купува национални државни и корпоративни обврзници од комерцијалните банки, и служи како ориентир за идните емисии на обврзници.

Покрај тоа, на тој начин на банките им се обезбедува ликвидност за креирање на стопанството. Неодамна беше зголемен обемот на програмата – од 300 милијарди на 500 милијарди круни (од 28,6 милијарди на 47,7 милијарди евра).

Делумно, акциите на регулаторот се поврзани со обид за слабеење на националната валута и спречување на нејзиното понатамошно јакнење, неповолно за шведските извозници. Квантитативните олеснувања овозможуваат каматните стапки да се задржат на ниско ниво и ја намалува потребата на банките и компаниите за националната валута, што ја прави помалку привлечна за надворешните инвеститори.

Меѓутоа, иако таквите мерки го немаа посакуваниот ефект, курсот на круната и понатаму јакне, а аналитичарите очекуваат тој тренд да продолжи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе