ЕУ е политичка, а не морална творба

Како Грција стана примерен европски ученик

Брисел е често препотентно место. Во ЕУ, кон премиерите понекогаш се однесуваат како кон ученици. Во омилената фраза, строгите функционери зборуваат дека националните влади мора „да си ја завршат домашната“. Ако Брисел е училница, тогаш Грција на општо изненадување стана бубалица, пишува Економист.

EPA-EFE

Доби пофалби за начинот на кој постапуваше за време на пандемијата. ЕУ функционерите се одушевени од нејзините планови за трошење на 31 милијарда евра од европскиот фонд за заздравување вреден 750 милијарди евра. Грчките идеи како заедничкиот ковид сертификат се кренати на европско ниво.

По деценијата во која Грција мораше да посетува дополнителна настава, издржувајќи ги строгите програми за помош и економскиот колапс, ова е голема промена. Сириза, левичарската партија која управуваше со земјата од 2015 до 2019 беше бунтовникот во одделението. За разлика од тоа владата на Киријакос Мицотакис, умерениот премиер на десниот центар од 2019, е миленикот на учителот.

Промената на репутацијата е делумно политичко прашање. Сириза се постави како некој кој го оспорува актуелниот поредок во ЕУ, надевајќи дека на реформа на клубот одвнатре. Меѓутоа, доколку куќата на ЕУ има поглед тој е насочен кон местото на кое се наоѓа Нова демократија на Мицотакис.

Во технократскиот свет на ЕУ политиката, Мицотакис веднаш се вклопува. Поранешен менаџерски консултант, течно зборува англиски, француски и германски јазик како и јазикот на Давос 0 дијалектот кој го користат средовечните мажи на конференциите на високи надморски височини. Добро му стои училишната униформа. Директно, Нова демократија е избрана во 2019 на платформата за реформа на Грција. Индиректно, нивната задача беше да ја направат грчката политика здодевна и да ја претворат Грција во нормална европска земја. Лидерите на Сириза себеси се сметаат за почеток на историјата, додека лидерите на Бова демократија својата работа ја гледаат како крај на една мрачна ера.

И во тоа се успешни. По деценијата финансиски програми за спас и напуштањето (или исфрлањето) од еврозоната, Грција ги среди своите финансии пред да удри ковид-19. Повратокот на грчките обврзници е на речиси рекордно ниско ниво бидејќи Европската централна банка повеќе не одбива да го купува грчкиот долг. Во владата сега се главни самопрогласени бубалици со дипломи од елитни училишта. Планот на Грција да ги потроши милијардите од фондот на ЕУ беше претставен со ревизија на 1.400 страници, колку што немаа целите предлози на одредени држави (по годините малтретирање од страна на функционерите на ЕУ, грчките бирократи точно знаат што е потребно за добри оцени). Додека држави како Финска се мачеа со ратификацијата на програмата, грчкиот план пролета нив Европскиот парламент. Учителот е загрижен за други ученици во одделението.

Тешките услови за емигрантите заглавени на грчките острови би требало да бидат дамка во досието на владата, заедно со извештаите за „одвраќање“ кое се случува кога барателите на азил насилно се враќаат на територијата од која дошле. Меѓутоа, одговорните во Брисел се задоволни. Во главите на бриселските политичари, правилата за „одвраќање“ се дизајнирани да спречат граничарите да ги покосат бегалците, а не да спречат гумените чамци да бидат вратени назад на турскиот брег. По истата брутална логика, ужасните услови на грчките острови спречуваат да дојдат други емигранти. ЕУ имаше далеку поголем проблем со пристапот на Сириза која на почетокот на успеваше да го сузбие пристигнувањето на емигрантите, отколку со сегашниот пристап на нивно одвраќање.

Минатата година, едно момче беше убиено на границата кога толпа луѓе се обидоа да преминат во Грција од Турција. Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија, ја пофали Грција како европски штит. За едно тело кое се гордее со својот поредок заснован врз правила, ЕК знае да биде прилично опуштена при кршењето на правилата доколку тоа ѝ е во корист. Приливот на луѓето сопре. Освен тоа, европските лидери не поставуваа многу прашања.

Она што се случува надвор од училишниот двор на ја интересира ЕУ. Грција греши во областите кои се надвор од интересот на ЕУ. Во Грција, активисти и невладини организации се жалат на растот на полициската бруталност откако Нова демократија дојде на власт. Другите влади сакаа да ги бутаат своите носови во внатрешните работи на Грција за време на програмата за финансиска помош. Меѓутоа, во нормално време, тие ќе направат сè за да избегнат критикување на внатрешните ситуации во некои држави членки. Слично се случува и кога станува збор за раскинувањето со клиентелизмот и непотизмот кои ја загрозуваат Грција. Сириза вети дека ќе се справи со тоа, но не успеа. Мицотакис има добра приказна на таа тема, но тешко е да се сфати сериозно синот на еден премиер, брат на поранешен министер и вујко на сегашниот градоначалник на Атина.

ЕУ знае да биде невнимателен учител во областите каде што треба да се обрати внимание. Кога станува збор за слободата на медиумите, Грција во ЕУ е рангирана на четвртото место одзади, се наведува во извештајот на Репортери без граници. Само Малта, во која поради убиство на новинарка падна претходната влада, Унгарија на Виктор Орбан и Бугарија, веројатно најкорумпираната држава во ЕУ, се полошо рангирани од Грција. Претходно годинава беше убиен грчкиот новинар Јоргос Караиваз. Костас Ваксеванис, уредникот на Документ, левичарскиот весник кој ја истражува корупцијата, сега бара полициска заштита.

Блескавите презентации во кои се фали напредувањето на Грција на лесните ранг-листи е поткопано доколку државата паѓа на другите листи. ЕУ во минатото постојано толерираше такви нешта, кога тоа ѝ одговараше. Грција не е толку лоша како некои. Меѓутоа, никогаш не е добра идеја примерен ученик да се бутка по ќошевите на дворот со хулиганите.

Сè додека Грција има добри оценки во областите кои се сметаат за важни, никој не се грижи за другото. Владата која го следи политичкиот тек, спроведува реформи без жалби и ја врши валканата работа на блокот околу миграцијата секогаш ќе биде добредојдена. Нејзините мани може да се игнорираат. Покрај сите приказни за вредностите, ЕУ е политичка, а не морална творба. Таа не суди за оние кои играат како што свири музиката. Владите кои се обидуваат да ја реформираат ЕУ, како што сакаше Сириза, ќе бидат збришани. Оние кои ја прифаќаат ЕУ таква каква што е, како Нова демократија, можат да си ја работат работата непречено. Само да ја предадат домашната на време и никој не се грижи за другото.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе