Јапонската економија заздравува подобро од очекуваното

Јапонската економија во четвртиот минатогодишен квартал пораснала повеќе од што се очекувало, продолжувајќи го заздравувањето од најтешката повоена рецесија, иако падна во целата мината година.

EPA-EFE

Третата по големина светска економија во последниот минатогодишен квартал забележала раст од 12,7 отсто по анализираната стапка, која покажува колку би пораснал БДП во една година (четири тримесечја) кога во секое тримесечје би растела по истата стапка по која се зголемила во тоа тримесечје во споредба со претходното.

Тоа е втор квартал по ред на раст на економијата, и тоа повеќе од очекувањата на аналитичарите, кои во просек проценуваа дека БДП пораснал 9,5 отсто.

Но тоа е поспор раст во однос на претходното тримесечје, кога БДП скокна за 22,7 отсто по анализираната стапка. Извештајот на владата, објавен вчера, покажа и дека заздравувањето на производната активност во светот го поттикнало јапонскиот извоз и придонело на јакнењето на капиталните инвестиции, кои пораснале за првпат во три квартали, за повеќе од 4,5 отсто.

Личната потрошувачка, која сочинува повеќе од половина од економијата, порасна за 2,2 отсто, поспоро во однос на претходниот квартал, но повеќе од очекуваното.

И покрај силниот раст во последните две лански тримесечја, во целата минатата година јапонската економија поради избивањето на пандемијата на коронавирусот паднала за 4,8 отсто, што е прв годишен пад од 2009.

„Заздравувањето во четвртиот квартал се покажа посилно отколку што се очекуваше. Вистина е дека економијата се намали во 2020 година, но од летото постојано расте, поттикната од домашната на надворешната побарувачка“, вели Масаки Кувахара, економист на Номура секјуритис.

Иако јапонската економија се крена од остриот пад на почетокот на минатата година, предизвикан од вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот, и понатаму не е цврста на патот кон целосното заздравување.

Одлуката на властите за воведување нови ограничувања од јануари поради коронавирусот ги зголеми шансите за нова рецесија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе