За помош на економијата

Италијанската влада усвои пакет мерки вреден 25 милијарди евра

Италијанската влада усвои пакет мерки за помош на економијата, вреден 25 милијарди евра, со што се обидува да ги ублажи негативните ефекти на епидемијата на коронавирусот врз економијата.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кажа дека владата со овие мерки се обидува да им помогне на исклучително погодените бизниси, лицата кои заработуваат со самостојна работа и семејствата.

Владата сака да вбризга во пазарот на труд околу десет милијарди евра за да им помогне на претприемачите да ги исплатат работниците кои не можат да работат за време на кризата предизвикана од коронавирусот.

И системот за здравство најверојатно ќе добие повеќе милијарди евра помош.

За време на подготовките на финансискиот пакет неколку пати беше променето количеството пари со кое владата ќе ѝ помогне на економијата.

Конте смета дека ниту новиот пакет нема да биде доволен и дека ќе биде потребно да се најдат нови големи издвојувања.

Италија, со речиси две илјади умрени, е земјата најтешко погодена од коронавирусот во Европа. Тоа е и државата членка на ЕУ со најголем јавен долг.

Европската комисија во повеќе наврати ја критикуваше италијанската влада поради буџетскиот дефицит.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе