Историско поскапување на нафтата додека Западот размислува за забрана на рускиот енергенс

Трескавичните напори на купувачите на светските пазари на нафта да обезбедат доволно количества од овој извор на енергија поради страв од потенцијален недостиг денеска предизвикаа експлозија на цените на црното злато.

Фото: ЕПА

По поскапувањето од 21 отсто минатата недела, европската нафта Брент изутринава продолжи да поскапува поради ризикот Соединетите Американски Држави (САД) и Европа да воведат санкции за извозот на руска нафта.

Во почетокот на азиското тргување, цените на Брент се зголемија за 18 отсто или 11,84 долари, на 129,8 долари за барел, додека американската сурова нафта ВТИ порасна за 10,29 на 126 долари.

„Ако Западот забрани најголем дел од рускиот извоз на енергија, тоа би било голем шок за глобалните пазари“, рече Итан Харис, главен економист во банката на Америка (БоА).

Тој проценува дека загубата од пет милиони барели од Русија може да доведе до удвојување на цената на нафтата на 200 долари за барел и намалување на светскиот економски раст.

Харис истакнува дека, покрај нафтата, дивиот раст на цените ги погодил и сите пазари на суровини, што не се памети во ниту една година од 1915 наваму.

Во прилог на тоа тој наведува дека минатата недела никелот скокнал за 19 отсто, алуминиумот за 15 отсто, цинкот за 12 отсто, а бакарот за осум отсто, додека пченицата на пазарот на фјучерси (пазар на акции/стоки по фиксна цена со одложена испорака) поскапела за 60 отсто, а пченката за 15 отсто.

Според експертите од БоА, тоа само ќе придонесе за нагорен тренд на глобалната инфлација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе