Исландската премиерка: Приоритет на буџетот е доброто на граѓаните и животна средина, а не БДП

Исландската премиерка Катрин Јакобсдотир ја повика денес владата приоритет на буџетот да биде доброто на граѓаните и заштитата на животната средина, кои би требало да ја заменат моментално доминантната улога на класичните економски фактори, како БДП.

Јакобсдотир ги здружи силите со шкотската премиерка Никола Стурџон и новозеландската премиерка Жаснди Ардерн во иницијативата која треба да го промовира „доброто на граѓаните“ како важен елемент на вреднување на економските активности.

Исланѓанката сака „алтернативна иднина која ќе се заснова врз доброто на граѓаните и инклузивниот раст“. „Потребни се нови социјални показатели, покрај традиционалните податоци за бруто домашниот производ (БДП)“, порача таа.

„Уништувањето на околината е клучниот фактор кој го поттикна Исланд во својот буџет да ги вклучи новите социјални показатели, покрај БДП“, прецизираше премиерката.

На прашањето дали таквиот буџет е подеднакво соодветен за развиените и за земјите во развој, Јакобсдотир одговори: „Проблемот е во дефинирањето на приоритетите во буџетот – секогаш можете да го ставите акцентот на доброто на граѓаните“.

„Земјите во развој мораат од темел да го променат ставот и да ги прифатат обновливите извори на енергија, а не само слепо да го следат примерот на индустријализацијата на развиениот свет базирана на јаглеродот“, истакна таа.

Поради фокусот на економските показатели, БДП обично не ги вреднува доволно квалитетот на животот и штетата која на општеството му ја нанесува нееднаквоста.

Исланд направи значително придвижување кон мерките насочени на семејството, но има уште многу предизвици, изјави премиерката, издвојувајќи ја потребата од подобрување на јавниот превоз и борбата против депресијата.

„Исланд троши повеќе антидепресиви од соседните земји. Мора да ја зајакнеме превенцијата на депресијата преку спортот и уметноста“, кажа Јакобсдотир.

Таа додаде дека исландскиот систем за универзална детска заштита и заедничко родителско отсуство е производ на женскиот активизам кој не е заснован врз политичките разлики.

Иницијативата на трите премиерки се надоврзува на предупредувањето на добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц дека бруто домашниот производ не го покажува влијанието на климатските промени, на нееднаквоста, на дигиталните услуги и други важни феномени врз современото општество.

Глобалната финансиска криза од 2008 година најдобро ги покажа недостатоците на класичните економски показатели, напиша Стиглиц во колумна во лондонски Гардијан.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе